Коалицијата соголена, тандемот се распаѓа, спиритистичката архитектура – во парампарчиња
„Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница која седи на многу води, со која блудствуваа земните цареви, а жителите на земјата се опија од виното на нејзиното блудствување… зашто нејзините гревови се натрупаа до небото и Бог си спомна за нејзините беззаконија… Шестиот ангел ја излеа својата чаша врз големата река Еуфрат, та нејзината вода пресуши за да им се приготви патот на царевите од исток“ (Откровение 16,12; 18,5; 17,1.2).
Јасно е дека настапил „великиот ден на Семоќниот Бог“ и дека Божјиот гнев и Божјите судови за време на последните седум зла ја погаѓаат „големата блудница“, „големиот Вавилон“, со сите што не излегле од него при последниот Божји повик што им е навреме упатен за време на позниот дожд.
Пророштвото кажува дека во тие денови, за време на Божјите судови, „пресуши водата“ на која седеше „големата блудница“ – пресуши кон неа поддршката, послушноста и преданоста на народите врз кои седеше и ги јаваше, кои ги водеше на узда каде што сакаше, кои беа „опиени од виното на нејзиното блудствување“ и „измамени од нејзините гатања“. Дури сега народите се отрезнија од пијанството со кое ги заслепи и ги засени и дури сега, премногу доцна, им се отворија очите и видоа дека се измамени, прелагани – видоа дека тотално промашиле. Ним не им останува ништо друго освен немоќ, лута жалост, очај и тага и, свесни дека се загубени за сета вечност, со сета жестокост и јарост се нафрлаат врз блудницата да ја уништат. Длабока била нивната приврзаност кон неа, но сега уште подлабока е нивната омраза кон неа што ги држела толку долго во заблуда, што ги опивала со својата лажна, небиблиска наука, и затоа против неа стануваат и царевите и сите народи кои духовно гниеле во нејзиното најцрно ропство. Читаме во Божјата реч:
„Десетте рогови што ги виде на ѕверот (царевите) ќе ја замразат блудницата и ќе ја запустат и соголат“ (Откровение 17,16). „Возвратете ѝ како и таа што ви возврати вам, возвратете ѝ двојно, според нејзините дела; во чашата во која таа налеваше, налејте ѝ двојно! Колку што се прослави себеси и живееше раскошно, дајте ѝ толку маки и тага, зашто во своето срце си вели: ‘Седам како царица и не сум вдовица и нема никогаш да видам тага.’ Затоа во еден ден ќе ја сполетаат нејзините маки: помор, тага и глад, и ќе биде изгорена со оган; зашто е силен Господ Бог којшто ја суди. И кога ќе го видат димот од нејзиното горење, ќе заплачат и ќе залелекаат по неа земните цареви, кои блудствуваа и живееја раскошно со неа…, велејќи: ‘Тешко, тешко, голем граду Вавилону, силен граду, зашто во еден час дојде твојата пресуда!’“
„Земните трговци“ кои „се збогатија од нејзиниот изобилен раскош“ … „ќе стојат далеку заради страв од нејзините маки и ќе плачат и лелекаат, велејќи: ‘Тешко, тешко, голем граду, ти кој беше облечен во лен, во пурпур и во црвена ткаенина, и украсен со злато, со скапоцени камења и со бисери, зашто во еден миг пропадна толкаво големо богатство’“ – се урна скелетот на немерливото, баснословно богатство на моќните светски фабрики, фирми и компании, скелетот создаден од мамутскиот капитал на блудницата (Откровение 18,5-10.3.15-17).
„Ѕверот (блудницата) беше фатен, заедно со лажниот пророк кој правеше чудотворни знаци пред него, со кои ги заведе оние кои примија жиг на ѕверот и кои се клањаа на неговата икона; и обајцата беа фрлени живи во огнено езеро што гори со сулфур“ (за ова многу повеќе подоцна) (Откровение 19,20).
Тоа се судовите што се уриваат врз Вавилон, врз „големата блудница“, во денот на Божјиот гнев. Тој ја наполнил мерката на својата неправда; неговото време дошло; тој узреал за уништување.
Прелагани, очајни, јадосани… загубените народи сега со длабока омраза во срцето се нафрлаат врз своите лажни пастири кои, наместо интегрално да ги упатуваат на изворните спасоносни библиски вистини, на изворот на Божјата чиста и бистра вода, на Библијта, тие ги напојувале со матни и загадени човечки води, им проповедале ветер и магла, историја, човечки измислици, преданија, прикаски и суеверија, со што ги довеле до тоа дереџе – ги одвеле, не на небото, не во вечен живот, туку во ендек, во вечна пропаст. За тие лажни пастири Господ кажува:
„Неодговорно ја лекуваат раната на мојот народ, велејќи: ‘Мир, мир!’, а мир нема.“ „Вие со лага го жалостевте срцето на праведникот кого јас не сакав да го жалостам, а ги закрепивте рацете на грешникот да не се одврати од својот грешен пат за да го спаси животот“ (Еремија 8,11; Езекил 13,22).
„Тешко на пастирите што ги упропастуваат и ги растураат овците на моето стадо… Затоа јас ќе ве казнам за вашите лоши дела, вели Господ.“ „Плачете, пастири, и офкајте, посипете се со пепел, водачи на стадото, зашто ви се исполнија деновите за да бидете заклани, ќе испопаѓате како одбрани овнови… Нема повеќе прибежиште за пастирите, ниту спас за водачите на стадото“ (Еремија 23,1.2; 25,34.35).
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библиски Армагедон“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.
БИБЛИСКИ АРМАГЕДОН
Во продолжение следат поднасловите од поглавјето „Библиски Армагедон“. Кога ќе кликнете врз поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови. Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе...
Духовната димензија на Армагедон
Беше кажано дека последната светска вавилонска конфедерација се состои од три значајни фактори: ламјата или сатаната преку спиритизмот, првиот ѕвер или папството и вториот ѕвер или Америка, во Откровението именувана и како лажен пророк (Откровение 16,13.19). Библиска...
Физичката димензија на библискиот Армагедон
Во овој последен судир, во Библијата наречен Армагедон, се обединуваат вавилонските сили: ламјата, односно сатаната преку спиритизмот, ѕверот, односно папството, и лажниот пророк, односно отпаднатиот протестантизам. Како имитација или своевиден пандан на небесното...
Седум последни зла
Кога ќе заврши последното прегрупирање и престројување на народите откако ќе го чујат последниот повик за време на позниот дожд да излезат од „Големиот Вавилон“ и да застанат на Божја страна, врз „големата блудница“ и врз сите што свесно се определиле да останат под...
Во продолжение следи содржината на книгата „Времето и знаците“. Кога ќе кликнете врз насловите и поднасловите, ќе ви се отворат нивните текстови.